• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

Samsung промовираше новитети по повод Зимските Олимписки Игри во Сочи

По повод ЗОИ, Samsung промовираше нова мобилна апликција „Wireless Olympic Works”. Апликацијата може бесплатно да се превземе преку Samsung App Store или Google Play маркетот и ќе го претвори вашиот Android уред дел од овогодинешните ЗОИ.

WOW апликацијата на Samsung им овозможува на љубителите на зимските спортови на брз начин да доаѓаат до сите информации, распореди, резултати, медали и нови олимписки рекорди. Станува збор за безжична комуникациска платформа, со цел да се оствари едноставна комуникација нудејќи вести и информации за сите учесници.

6

„Samsung им нуди на фановите лесен пристап на ЗОИ 2014 во Сочи овозможувајќи секој да создаде сопствено искуство соодветно на своите желби и интереси”, изјавил  WS Lee, виш потпретседател за развој во одделот за мобилни комуникации на Samsung Electronics и додава „ Нашите посветени тимови напорно работеа во текот на целата година за да овозможат WOW технологијата да биде подготвена за користење за време на игрите се со цел да им овозможат убаво искуство како на учесниците така и на гледачите од целиот свет да следат и даваат поддршка за време на траењето на игрите”. Освен апликацијата, Samsung лансираше и специјални маски за Sasmung Note 3 со принт од земјите учеснички. Какошто Samsung Galaxy 3  беше официјален апарат  на Летните Олимписки Игри во Лондон, така сега Samsung Note 3 е официјален мобилен телефон на ЗОИ во Сочи!

 

Ad
big banner