• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

7 митови за пријателството кои не се вистинити

Постојат многу митови за пријателството кои не се точни. Некои доаѓаат од стравот, а некои од човечкото незнаење и неинформираност. Знаете како велат, вистинските пријатели тешко се наоѓаат….или?

Ми се допаѓа цитатот на William Shakspeare кој вели:”Пријател е оној кој те познава токму таков каков што си, има разбирање за она низ што си минал, те прифаќа таков каков што си и ти дозволува и понатаму да растеш”.

Во продлжение неколку митови кои и те како не се вистинити:

1. Колку повеќе пријатели имате, толку подобро

Ова е еден од најчестите митови за пријателството кој не е вистинит. Луѓето мислат дека доколку имаат многу пријатели, ќе бидат посреќни и опкружени со луѓе кои ги сакаат и и м мислат најдобро. Погрешно. Во пријателството, квалитетот е она што нависитина се цени, а не квантитетот. Доколку имате многу пријатели, потребно ви е многу време за нив, што понекогаш може да биде незгодно, особено доколку сте зафатена личност.

2. Пријателствата траат вечно

И покрај тоа што многумина мислат така, пријателствата не траат засекогаш. Пријателствата треба да се негуваат, да се вложи ногу труд во нив, а понекогаш и да се жртвува во нивно име. За жал, реалноста е таква да пријателите доаѓаат и си одат, затоа ценете ги оние кои ги имате – додека ги имате.

3. Мажите и жените не можат да бидат пријатели

Многу луѓе веруваат во ова тврдење. ПА, тоа може да биде и вистина доколку сакате да останете пријатели со некого со кој имате љубовно минато или еден од вас има симпатии кон другиот. Факт е дека мажите и жените можат да имаат платонски пријателства доколку се искрени еден спрема друг и доколку се емоционално стабилни и сигурни.

4. Добар пријател никогаш нема да ве изневери

И пријателите се човечки суштества и можат да згрешат. Сигурно и вие не сте совршени и некогаш сте повредиле пријател. Тоа што во некоја прилика ве разочарале, не значи дека се лоши луѓе, особено доколку се покајале заради тоа.

5. Ако немате пријатели, нешто не е во ред со вас

Доколку немате пријатели, тоа не значи дека нешто не е во ред со вас. Тоа не значи дека не знаете да комуницирате со луѓето и да бидете друштвени. Сите ние проаѓаме низ периоди во кои иамме помалку пријатели, што може да е резултат на повеќе причини – на пример, сте се преселиле или дипломирале, а сите ваши пријатели се во родниот град.

6. Пријателите ќе ве направат среќни

Единстева личност која може да ве направи среќни сте Вие! Доколку се прифатите себеси  и се сакате такви какви што сте, ќе имате здрав и среќен живот. Доколку пак сте престроги со себе и постојано се обвинувате за се лошо што евентуално ви се случува во животот – без оглед колку пријатели имате, нема да успеат да ве усреќат.

7. Мора да имате најдобар пријател

Многумина го сметаат овој мит за вистина, но вистината е дека не морате да имате најдобар пријател или пријателка за да бидете среќни. Може да имате многу добри пријатели кои емоционално ќе ве исполнуваат, наместо само еден најдобар пријател.

Ad
big banner