• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

7 едноставни трикови со кои бронзениот тен ќе ви трае подолго

Годишниот одмор за повеќето од вас веќе заврши, ноп тоа не значи дека мора да се збогувате и со вашиот заводлив бронзен тен. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја задржите бојата подолго:

1. Туширајте се со млака вода. Купката во врела вода ја дехидрира кожата што резултира со брзо губење на бојата. Затоа, избегнувајте купки и туширајте се со млака вода, односно употребувајте хидратизирачко масло за туширање кое ќе ви помогне максимално да ја задржите бојата.

2. Секојдневно хидратизирајте ја кожата. Откако ќе се вратите од одмор, најдобро е да употребувате богат путер за тело, кој ќе ја нахрани кожата, и мачкајте се со него секој ден.

3. Користете масло за тело. Мачкајте ги со него рацете и нозете и веднаш ќе почувствувате освежување, а исототака маслото ќе ви даде сјаен и заводлив изглед.

4. Пијте вода. Какошто е битна надворешната хидратација, важно е да се хидратизирате и од внатре. Внесувањето доволна количина вода (осум чаши дневно) го продолжува животот на секоја клетка во организмот, па така и на оние надворешните, потемнетите клетки.

5. Внесувајте храна со бета каротен. Овој растителен пигмент не само што ја подготвува кожата за сончање, туку и го продолжува резултатот од сончањето. Затоа јадете секојдневно морков, кајсии, манго, сладок компир и останати овошни и зеленчукови производи богати со бета каротен.

6. Носете светла облека. Бела, односно светла боја дава илузија на потемен тен. Бела маичка, бронзер и нежен розев сјај за усни се совршена комбинација за дами кои сакаат да го задржат бронзениот тен што подолго.

7. Користете мат бронзер. Нанесувајте го со кружни движењана местат кои се на орва најмногу изложени на сонце: челото, слепоочниците, носот и јагодиците. За телото користете млеко со ефект на исончана кожа.




Ad
big banner