• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

6 правила за добар впечаток на интервју за работа

1. Пристојност и одмереност пред се – без оглед на тоа каков е вашиот секојдневен стил на облекување, она што ќе го облечете за оваа пригода мора пред се да е чисто, пеглано и пристојно. Доколку носите здолниште или фустан, внимавајте на должината. Истотака, доколку иамте маичка со деколте, внимавајте на неговата длабочина. Своите убави нозе и бујното деколте ќе ги покажете во некоја друга пригода 🙂

2. Не се плашете од боите – деловната гардероба не мора задолжително да биде во бела, црна или сива боја. Слободно освежете ја комбинацијата со марама или некој украс во весела боја. Можеби вашите соговорници ќе ве запаметат токму по него.

3. Дискретен накит – голем и раскошен накит или пак многу накит за оваа пригода може да остави пренападен впечаток. Подобро одберете дискретни обетки или синџирче со интересен привезок, на раката ставете часовник или едноставна белегзија и така сигурно никој нема погрешно да ве сфати.

4. Примерна долна облека – самото интервју за работа многупати е прилично напорно, тешко и непријатно. Затоа, важно е во таквата стресна ситуација да не ја направите уште понепријатна со неудобна или тесна долна облека. Да не зборуваме и за тоа какви неубави црти може таа да направи да се гледаат под облеката.

5. Внимателно со парфемот и шминката – слично како и кај накитот, пресилната шминка може да остави впечаток дека немате мерка. Подобро одберете природна варијанта – малку пудра и маскара ќе направат чудо, а доколку се одлучите за сенка, бирајте посветли и земјени тонови. Истотака, при изборот на парфем, одлучете се за посвежи, цитрусни мириси, не мора сите да забележат кога ќе влезете во зградата.

6. Насмејте се – последно и најважно е да не заборавате да се насмевнете. Насмевката праќа позитивни вибрации, го опушта соговорникот и дава впечаток дека сте непосредна и весела личност со која може лесно да се разговара. Не чини ништо, а може да ви помогне да го добиете долгопосакуваното работно место за кое конкурирате.


 

Ознаки:
Ad
big banner