• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

5 начини на кои витаминот Ц ве разубавува

Преку исхраната внесуваме најразлични витамини кои секој на свој начин придонесува за здравјето на нашиот организам. Витаминот Ц е еден од витамините кој го подобрува нашиот организам на многу начини, а не сте ни свесни колку многу придонесува за нашата убавина. На пример, ја разубавува косата, кожата и ноктите доколку го внесувате исправно и редовно.

1. Здравјето и убавината на косата – Витаминот Ц го забрзува растот на косата, ја прави поцврста и поквалитетна. Доколку јадете јагоди, компир грозје, мали црвени пиперчиња…Или пак сето ова испасирајте го во блендер и нанесете го на косата да постои 15-20 минути и потоа исплакнете ја.

2. Енергија – Ц витаминот го апсорбира железото и го разнесува низ целото тело, а железото е навистина важен фактор за нашето здравје. Со недостаток на железо може да настане анемија, хроничен умор и изнемоштеност, што значи дека константно ќе се чувствувате лошо. Внесувањето на витамин Ц секојдневно ќе ви даде повеќе енергија која ќе ве чини да се чувствувате помладо!

2

3. За долги и убави нокти – освен што ја разубавува кожата, помага и во растот на ноктите. Тој ќе ви осигури долги, цврсти и квалитетни нокти.

4. Спречува појава на заноктици – сите сочни цитрусни овошја прават чуда за вашите нокти, затоа треба почесто да се конзумираат. Витаминот Ц ќе ви помогне да ги заштитите вашите нокти и тие да изгледаат поубаво и поуредно.

5. Ги намалува знаците на стареење – жените уште во средната доба би требале да внесуват правилно витамин Ц за да ги намалат знаците на стареење какошто се брчките и сувата кожа. Ви предлагаме една едноставна маска за лице: сок од едно киви и половина папаја, измешајте ги и нанесете ги на лицето. Кога ќе ја измиете од лицето после 20 минути, кожата ќе ви блесне.

 

Ad
big banner