• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

20 можни причини зошто НЕ губите килограми

Секојдневно вежбате и се трудите да внесувате колку е можно поздрави продукти во својата исхрана, но не губите на тежина онака какошто се надевавте. И додека се гордеете на вашите достигнувања на полето на здрав живот, фактот што вагата не мрднува надолу може да е крајно фрустрирачки. Ви звучи познато? Многу е веројатно дека некој од следниве причинители е виновник кој стои на патот кон вашиот успех во губење на тежината и остварување на вашата цел.

1. Не пиете доволно вода

1

Освен што хидратацијата е многу важна за целокупното ваше здравје и убавина, водата истотака помага при слабеењето. Со една чаша вода пред оброкот ќе ја намалите вашата потреба за храна, додека со конзумација на храна која содржи многу вода во себе (овошјето и зеленчукот) побрзо ќе се заситите и помалку ќе јадете. Истражувањата покажуваат дека со внесување на ладна вода го забрзуваме метаболизмот и ја разбиваме потребата за слатко и газирано.

2. Мислите дека доколку го прошетате кучето доволно сте се раздвижиле

2

15 минутна прошека е подобра од никаква воопшто, но со неа нема да постигнете никакви резултати. Потребно е секојдневно да вежбате барем половина час, особено вежби кои ја забрзуваат работата на срцето какошто е трчањето, возењето велосипед, планинарењето, интервални или кружни тренинзи. Со таквите вежби се согоруваат најмногу калории и масти.

3. Претерувате со здрава исхрана

3

Јаткасти плодови, авокадо, интегрални тестенини, маслиново масло и темна чоколада се здрави и природни продукти, но и тие не се без калории! И таквите продукти треба да внимавате во колкави количини ги внесувате! На пример, авокадото има многу нутритивни вредности, но едно парче има над 200 калории.

4. Вежбате само кардио вежби

4

Доколку не се симнувате од лентата за трчање, никогаш не кревате текчиња, време е за промени бидејќи пропуштате еден важен дел од фитнес сложувалката. Освен што вежбите со тегови ги спречуваат повредите бидејќи со нив се зајакнуваат зглобовите, со овие вежби се дефинира мускулната маса и се забрзува метаболизмот. Плус:благодарение на забрзаниот метаболизам ќе согорувате калории дури и после тренингот!

5. Вежбате на празен желудник

5

Доколку редовно вежбате без да јадете претходно, време е да размислите за следното: кога вежбате со празен желудник телото ја црпи енергијата од мускулите, а не од масните наслаги. Бидејчи мускулите согоруваат повеќе калории од масните клетки, колку повеќе мускулна маса имате, толку полесно губите килограми! Според тоа, со правилна исхрана ќе го спречите губењето на мускулната маса и ќе имате повеќе енергија за подобар тренинг.

6. Вашиот партнер не се придржува кон „здравото мени” како вие

6

Партнерот може да ви биде голема помош и поддршка. Доколку вашиот сопруг/сопруга/дечко/девојка/свршеник/свршеница постојано нарачува храна од ресторан, ве носи на доцновечерни сладоледи или ве одвлекува од теретаната, не очекувајте дека ќе губите килограми! Време е да најдете компромис и да му објасните дека без негова поддршка вашиот труд ќе биде залуден. За почеток – следниот пат кога ќе ве одведе на вечера – поделете го предјадењето или прескокнете го десертот.

7. Избегнувате одреден вид на продукти

7

Доколку избегнувате одреден вид на продукти, ќе се доведете до нутритивен дефицит од истите во организмот. А да не го споменуваме фактот дека токму таа храна постојано ќе ви биде на памет! Наместо во потполност да ја исфрлите, на пример јагленохидратите, префрлете се на внесување  житарици или едноставно намалете ја својата порција. Најчесто големите количини на храна кои ги внесуваме се заслужни за вишокот масни наслаги околу половината и стомакот.

8. Не спиете доволно

8

Иако поради тренинзите имате помалку време за спиење, во процесот на слабеење е важно да се наспивате. Ќе ви треба дополнителна енергија за да ги издржувате тренинзите, а поради недостиг на сон, тешко ќе ги контролирате апетитот и хормоните кои на тој начин постојано ги стимулирате.

9. Не јадете доволно зеленчук

9

Да се јаде од 5-7 порции овошје и зеленчук дневно е важно за секого, но доколку барем малку ја зголемите таа бројка полесно ќе ги губите килограмите. Исхраната на база на зеленчук нуди поголема нутритивна вредност со мал број на калории, додека влакната од зеленчукот даваат ситост подолг период од денот.

10. Јадете „на нога”

10

Јадењето пред фрижидер или на поминување во кујната нема да ви заштеди ниту време ниту енергија туку ќе јадете без да обрнувате внимание. Најдобро е да си определите точно време на оброците и меѓуоброците, кое нема да ви се поклопува со останатите активности.

11. Носите преширока облека

12

Знаеме дека широкат облека е удобна, но истотака со неа го прикривате своето тело и губите перцепција за тоа како всушност изгледате, што може да има демотивирачко влијание на вас. Наместо тоа, подобро одберете облека која е по ваша мерка и која ќе ви ја следи линијата на телото такашто ќе имате реална слика за вашето тело. Или, уште подобро, започнете го денот во вашата облека за вежбање за да добиете мотив да одите во природа или на тренинг.

12. На диета сте… или само така ви се чини…

13

Без оглд која диета сте ја одбрале или кон каков начин на сихрана се придржувате, неможе тоа да го правите половично и да очекувате резултати. Многу е важно да се биде упорен инаку килограмите секогаш ќе ги имате онаму каде не ги посакувате!

13. Зависни сте од зачини и сосови

14

Салатата е еден од најздравите оброци за кои може да се одлучите, но ако во неа додадете парче пршута, сирење, ореви, суво овошје и разни преливи, ќе го дуплирате бројот на калории за секунда! Бидете свесни колку калории додавате со додатоците во својата салата. На пример, само една кришка леб носи околу 100 калории.

14. Го прескокнувате појадокот

15

Прескокнувањето на појадокот се чини како добар начин да го намалите внесувањето на калории, но на тој начин организмот ги складира маснотиите мислејќи дека го изгладнувате. Луѓето кои редовно појадуваат, полесно губат килограми, па ви предлагаме да посветите особено внимание на својот појадок и на тој начин да го поттикнете својот метаболизам секое утро. Совет плус: вклучете протеини во својот појадок за да му дадете на телото енергија и ситост.

15. Јадете „без размислување”

16

Доколку грицкањето пред ТВ или компјутер ви звучи познато, време е да се ослободите од таа навика! Многу е важно да се концентрираме на она што го јадеме и на тој начин нашиот мозок ќе ја прими храната и побрзо ќе се почувствуваме сити.

16. Не ја сецкате храната

17

Понекогаш и наједноставните совети како тој да ја сецкате храната на ситни залчиња прават голема разлика во процесот на слабеење.

17. Не јадете доволно

18

Не се изгладнувајте цел ден за да јадете подоцна! На тој начин драстично го забавувате метаболизмот, а до вечер ќе бидете толку гладни такашто ќе изедете двојно повеќе отколку нормално.

18. Не водите дневник за исхрана

diet journal

Запишувајте го она што сте го внеле и полесно ќе водите сметка за калориите. Мислите дека не вреди? Истражувањата покажуваат дека жените кои запишувале што јадат во текот на денот се поуспешни во слабеењето од оние кои не го правеле тоа.

19. Не си дозволувајте грешки!

20

Доколку станува збор за здрав начин на исхрана, неколку пржени компирчиња или парче чоколадна торта од време на време нема да ви го расипе напредокот во слабеењето. Истотака, нема потреба следниот ден да се казнувате за да се „искупите” за грешката. Секојдневни отстапки до околу 600 калории нема да влијаат на вашата половина или задник, се додека се придржувате на својот режим за здрава храна.

20. Јадете погрешна храна после тренинзите

21

После секој тренинг треба да внесувате помали оброци. Освен ако не е време за ручек или вечера, не смеете да претерувате. На пример, идеален оброк по тренинг е свежо овошје, јогурт, бадеми, посно сирење.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ad
big banner