• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

10 работи на кои не научи Сексот и градот

Иако можеби не изгледа така, поминаа цели 10 години откако беше емитувана последната епизода од „Сексот и градот”. Денес кога се дискутира дали ќе има ново продолжение на култната серија, ви презентираме десет факти за љубовта, пријателството, забавата но и за женственоста на кои таа серија и тоа како не научи. Ретроспективно гледано, серијата има многу недостатоци, но и многу вонвременски лекции кои се корисни секогаш.

1

1. Искреност кон пријателите

Созревањето во животот може да се мери преку многу потези или одлуки кои ги донесувате во дадени моменти. Да се кријат своите недозреани одлуки од пријателите е нешто кое не спаѓа во таа категорија. На краток рок, да им се удоволува на нивните илузии можеби е љубезно од ваша страна, но на долг рок нема да помогне во разбивањто на затворениот круг кој во иднина повторно ќе ве води кон донесување на погрешни одлуки. Затоа, искреноста во пријателството секогаш мора да е на прво место.

2

2. Не сте противничка на женската солидарност доколку не се согласувате со одредени женски предрасуди па дури тие да се и на вашите пријателки. Пријателството не е еднонасочна улица. Некогаш ќе ви се чини дека одлуките на вашите пријателки се дијаметрално различни од вашите, но тоа не значи дека треба да ги осудувате. Кавгата на Шарлот и Миранда околу венчавката на Шарлот и отказот веднаш после неа, траеше една минута и веднаш после тоа тие заклучуваат дека не се согласуваат и работите си продолжуваат по старо.

3

3. Многу често во животот доаѓате до заклучок дека пријателките ви се вистински сродни души. Понекогаш колку и да сме зафатени со сопствениот живот, од непроценлива важност за нас е дека знаеме дека се секогаш тука за нас.

4

4. Лекцијата на Миранда за тесните фармерки после породувањето. Никогаш не се откажувајте од нив. Секогаш постои можност повторно да блеснете во нив.

5

5. Факт е дека никогаш не можеме да бидеме потполно задоволни. Веднаш штом си исполниме една желба, се отвора простор за нова. Но сепак тоа и не е така лошо. Патот до остварувањето на желбите и целите може да биде баш забавен. Или какошто би рекла Кери „ Во Њујорк секогаш се бара работа, дечко или стан”.

6. Луѓето понекогаш не ви простуваат, иако тврдат дека го сториле тоа. Моментот кога Кери му го признава неверството на Ејдан е еден од најемотивните моменти во серијата.

6

7. Кога најпосле ќе најдете совршена личност за вас, површните работи какошто е недостатокот на коса е мината работа. Штом Шарлот премина преку ќелавоста на Хари, значи ова е вистина.

7

8. Кога мора да ја пуштите личноста која ја сакате да си оди, треба време за да се сменат чувствата. Какошто би рекла Кери „Кога го сакате оној со кого сте во врска, и потоа раскинете, каде оди сета таа љубов?” Ние би додале дека и на времето треба да му се ддаде време.

8

9. Сексот со саканата личност може да биде волшебен. Сексот со личност која не ја сакате може да биде истотака волшебен. Се е работа на избор и додека вие го правите, се е во ред.

9

10. Понекогаш колку и да се трудите да си објасните себеси и на другите зошто се распаднал некој однос, треба едноставно да се помирите дека нема рационално објаснување. Кога тоа ќе го сфатите, ќе се поштедите од многу болка и непотребно трошење енергија и време.

Ad
big banner