• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

10 начини на кои се менува телото кога сте заљубени

Општо познато е дека кога сме заљубени особено зрачиме со задоволство и среќа, но помалку е познат фактот дека промени се случуваат и во нашето тело. Заљубеноста не ги активира само пепрутките во стомакот, туку таа делува и како апче против болки, го заблажува вкусот на храната и го забавува чукањето на срцето. Еве неколку интересни промени кои се забележуваат во организмот кога сме заљубени:

1. Мозокот ги менува своите активности во дел од секундата

Љубов на прв поглед најчесто ни звучи многу клише или како ибав наслов за некоја интересна холивудска романтична комедија, но во прилог на овој прв чекор од заљубувањето е најновото истражување. Имено, љубовта активира дури 12 реони во мозокот, а исход од тоа е заљубеноста веќе во првата секунда.

2. Срцето застанува (ОК, го забавува својот ритам)

Заљубеноста влијае на хормоните, што резултира со намалување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето.

3. Го губиме сонот

Резултатите од истражувањата покажуват дека кога човек е заљубен губи околу еден час спиење. Причината е тоа што размислува за саканата личност што го држи буден.

4. Се ублажуваат болките во телото

Љубовта ги активира рецепторите во мозокот кои делуваат како лек против болка.

5. Често забораваме

Кога сме заљубени, во мозокот се ослободува окситоцин – хормонот на љубовта, кој ги блокира меморијата и паметењето. Резултат е чувството на отсутност и заборавеност.

6. Се активира љубомората

Ситуациите кога неможете да се исконтролирате бидејќи ќе го/ја видите како разговара со друг/а жена/маж се први знаци на заљубеност. Докажано е дека љубовта влијае на нашето чувство да ја заштитиме саканата личност, или со други зборови се кативира љубомората.

7. Храната ви е послатка 

Во текот на истражувањата кои се спроведени на заљубени студенти им била дадена задача да вкусат одредени производи и да го дефинираат нивниот вкус. Резултатите биле зачудувачки, сите се согласиле дека храната имала посладок вкус.

8. Губиме концентрација

Несвесното мислење на партнерот ги нарушува нашите деловни вештини, дотолку што едно истаржување покажало дека додека сме заљубени многу е тешко да бидеме сконцентрирани во извршувањето на секојдневните задачи.

9. Гласот ни станува повисок и потенок

Кога станува збор за жените, кога разговараат со саканата личност, гласот им станува повисок и потенок.

10. Коските се поцврсти

Едно странско истражување има докажано дека има врска меѓу среќните брачни парови и цврстината на коските.

Ad
big banner