• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

Хороскопот и сексот: кој хороскопски знак ќе ви пружи најголемо задоволство?

Ја сакате астрологијата и верувате дека ѕвездите имаат влијание на нашиот живот? Со утринското кафе прелистувајќи го весникот проверувате ѓто вели дневниот хороскоп? Не сте единствени. Наспроти многуте скептици, голем е бројот на луѓе кои веруваат дека ѕвездите ни ја кројат судбината, карактерот па дури и сексуалниот темперамент. Како се однесуваат припадниците на одреден хороскопски знак во креветот и како да го заведете погледнете во нашиот секси водич.

ОВЕН

Тие имаат волшебна моќ, магнетна привлечност, а бидејќи сакаат да контролираат добри се во бакнувањето. Но, истотака се нетрпеливи и понекогаш себични во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во односот. Нивните моменти на страст често знаат да се брзо минливи, но доколку ги споделат со вас, ќе доживеете едно од највозбудливите љубовни доживувања.

Како да заведете овен? Најпрво не смеете да бидете срамежливи. Покажете дека имате мозок, и бидете спонтани. Овновите уживаат во непредвидливоста, и секогаш радо примаат комплименти.

БИК

Важи за најдобар љубовник и најмажествен знак во зодијакот. Има екстремно силен љубовен нагон и силна потреба за физички допир, неговиот апетит за интимност го чини ненаситен. За него љубовта е како храната во која треба да се ужива дооолго, често и потполно посветено.

Како да го заведете? Тие ценат доколку им подарите нешто, а поради својата сензуалност веднаш забележуваат мирис, чиста и мека кожа, свеж здив кај соговорникот.

БЛИЗНАЦИ

Доколку цените интелегенција кај партнерот, одберете Близнак. Паметни и досетливи, мајстори за флерт и лесно ќе ве освојат. Исклучително се креативни како љубовници и со нив никогаш нема да ви е здодевно. Но, внимавајте и тој да не ги очекува истите карактеристики од партнерот.

Како да го заведете? Нив ги привлекуваат пофалби и воодушевување на нивниот интелект. Побарајте совет од него, пофалете ги неговите одлуки и трудете се да ги импресионирате со својот интелект.

РАК

Како најемотивен и најчувствителен знак во зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Ја ценат грижливоста и забележуваат доколку правите добри дела на другите. Посветени љубовници, но доколку ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока освета.

Како да го заведете?Најлесно може да го заведете со романтична атмосфера и сентименталност. Уживаат кога некој се грижи за нив и ги штити.

ЛАВ

Секогаш жешките Лавови горат во својата сексуална самодоверба и моќ. Во спалната секогаш превземаат иницијатива и ги истражуваат своите љубовнички вештини на драматичен начин. Доколку се најдете со Лав во една таква страсна бура, очекувајте многу подароци и внимание.

Како да го заведете? Едноставно, возвратете со иста мера. Неговата нежна страна ќе ја разбудите доколку му минете нежно со прстите низ косата.

ДЕВИЦА

Доколку сакате некому да му бидете центарот на светот, одберете Девица. Ниту еден друг знак нема да ви посвети толку внимание. Иако на прв поглед изгледаат мирно и сталожено, под кожата кријат огромна сензуалност. Склони се на опсесивност кон една личност и на перфекционизам, што може да биде тешка комбинација во една врска. Но, бидете свесни дека ќе ве сака цел живот.

Како да ја заведете? За да заведете Девица, бидете чисти, пристојни и смирени. Таа бара совршенство и прилично е пребирлива.

ВАГА

Желна да пружи задоволство, Вагата е одличен и посветен љубовник. Сака сентименталност и романтика, а ќе и биде мило доколку и исполните по некоја фантазија. Флертот им е во крвта, како и експериментирањето во креветот.

Како да ја заведете? Да заведете Вага е најлесно со употреба на старата школа на романтика. Треба да покажете широка душа, едноставност и шарм.

ШКОРПИЈА

Најсексуалниот од сите знаци, неа не и е тешко да биде манипулатор и да ги искористи другите за задоволување на своите сексуални апетити. Имаат хипнотизирачка привлечност, во физичка смисла одлични се во креветот, иако имаат проблем со вклопувањето на емоциите во целата таа приказна.

Како да ја заведете? Шкорпија е исклучително тешко да се заведе, со оглед на тоа дека поради својот шарм и привлечноста се навикнати тие да бидат заводници.

СТРЕЛЕЦ

По природа разигран и детинест, Стрелецот секогаш останува млад во срцето и е отворен за експерименти во постелата. Поради таквиот нарав, најчесто покажуваат страст кон една личност, но многу брзо добиваат потреба за нови авантури. За оние кои сакаат кратка и забавна авантура, Стрелците се одличен избор.

Како да заведете Стрелец? Тие сакаат кога ги допирате по половината, колковите и бутовите. Својот весел дух и смислата за хумор ќе го забележат веднаш и кај другите.

ЈАРЕЦ

Тој е резервиран кон другите, односно треба силно да се заљуби за да постигне вистинска физичка интимност. Не сакаат експериментирање, но се стабилни и верни во врската, вистински избор за оние кои сакаат вистинска врска.

Како да го заведете? Приоѓајте му полека и внимателно. Доколку сакате Јарец, концентрирајте се на мали допири и длабоки погледи. Не им давајте се веднаш и по некое време ќе ви возвратат со експлозија.

ВОДОЛИЈА

Ќе ве сака поради вашето тело и нема да се замара со односто пред да ве одведе во кревет. Сакаат физичка љубов и непредвидени романси. Имаат бунтовничка природа и ќе ве сакаат доколку сте свои и оригинални.

Како да ја заведете? Да заведете Водолија? Глумете неосвојливост.

РИБИ

Овој хороскопски знак ќе ви даде многу задоволство во физичка смисла. Тие се најсреќни кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, нема проблем кој нема да сака да го реши со секс за смирување.

Како да ги заведете? Тие сакаат агресивен пристап. Мрзеливи се и не се познати по заводништвото, така  што вие ќе сте тие кои ќе им пристапат.

Ad
big banner