• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

Onoma Pseudos | Сагата продолжува

Можеби не е ниту почната, ниту пак некогаш ќе заврши. . .дали воопшто има некаква временска димензија константната потрага по униврезалните вистини и вредности, морални дилеми и апатични искази за недостижната перфекција на машко-женските односи?

Помислувам понекогаш дека оваа недоумица на модерното време е всушност само нова слика на едно постојано запрашување, круг кој  добива нова оска на движење, а всушност е стара дилема која не престанува. Кога се случува сликата на помирување кај секој од нас, кога одлучуваме да ја прифатиме постојаноста на нашата мисла, конечната верзија на нејзината незавршност.

Да, веројатно е тоа некаква одлука која во нов момент, колебливост или фактичка ситуација само добива нова димензија на постоење, нов параграф во архивата на спознанието.

Веројатно сме некако ,,замрзнати’’ во состојба на актуелните вредности, заробени во нашите таканаречени ставови.

И со еден таков  товар на сопствената, упатуваме поглед кон некоја  навидум друга личност, наречена Маж и тука почнува сагата…или сепак само продолжува во нов облик – со поинаков пијалок, сленг, гримаса…

Кој и да е високовреднуваниот обземач на вашето внимание во тој момент на freeze состојба, превземете го чекорот на историското повторување, додадете малку Себе во него. Сепак нема да измслиме топла вода нели? Па барем да бидеме малку ние во минливоста на релативното време.

:

Onoma Pseudos

Ознаки:
Ad
big banner