• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

Најубавите ресторани во Цавтат

Летото се наближува, а со тоа и годишните одмори и она најважното – уживањето! За таа цел ќе ви претставиме некоиод најубавите и најпосетени ресторани во туристичките места шурум светот. За почнуваме со едно преубаво гратче на Јадранот.

Тој е еден од најјужните градови на Хрватска. Сместен е на западниот брег на Конавла, 19 км југоисточно од Дубровник, Цавтат.

Во топлата атмосфера на урбаното старо гратче Цавтат се сочувани многу споменици од римско време, остатоци од амфитеатри, градски тврдини..Освен тоа, во цавтат постојат многу стари палати и резиденции на познати морепловци. Една од најубавите е вила Банац, кадешто моментално е сместена администрацијата на општината Конавла.

Во продолжение ви претставуваме некои од најдобрите ресторани во Цавтат кои мора да ги посетите доколку сте таму и да уживате во гастрономските специјлитети и убавата атмосфера. Dalmatino, Kolona, Dalmacija и Leut.

2

Ресторанот Dalmatino е сместен во самиот центар на Цавтат и иако е најнов, за кратко време има стекнато голема репутација и е едно од омилените места. Оваа гурманска оаза особено е позната по преубавата рибја чорба и црното рижото.

3

Уште еден ресторан кој ќе ги воодушеви и најпребирливите гурмани е ресторанот Leut. Тој посебно се истакнува по неверојатното рижото од шкампи со аспарагус, равиолите полнети со јастог и зеленчук и секојдневната понуда на свежа риба.

4

Карпачо од туна и сабјарка, талијатељи со морски плодови и октопод под вршник се само некои од адутите на познатиот Цавтатски ресторан Kolona.

5

За крај, нашиот фаворит, ресторанот Dalmacija кој особено се истакнува со својата салата од октопод, бифтекот Dalmacija кој се служи на топла чинија и филето од шкарпина во сос од вино.

6

Ad
big banner