• Денес е: вторник, февруари 20, 2018

Највисокиот воден тобоган

Со своите 52 метри височина, тобоганот наречен Verrückt ( на германски значи “луд” ) е највисокиот во светот, и тоа за неколку десетина сантиметри ги надминува дури и Нијагарините водопади. Се наоѓа во водениот парк, “Schlitterbahn” во Канзас Сити во САД.

По поминувањето на 264 скали за да стигнете до врвот , веројатно ќе започнат да ви се тресат колената, и доколлку се охрабрите да се спуштите по тобоганот , ве очекува постигнување на брзина од над 100 км / ч. Но, тоа не е се! Откако ќе се спуштите до нивото на земјата, ќе се судрите со 15 – метар “рид” , кој буквално ќе ве катапултира во воздухот и на крајот ќе слетате во еден од базените . Се разбира , технологијата за ова е најмодерната што постои, и  Schlitterbahn ве уверува дека целото искуство е апсолутно безбедно , но сепак …

Ad
big banner